СТОПИРАНА СО ПРЕВЕДУВАЊЕ
20 DAKIKA / 20 МИНУТИ
Мелек, Туба Бујукустун е млада и убава жена која има среќен живот со својот сакан сопруг и нивните две деца. Таа има продавница за слатки и целиот ден го поминува готвејки вкусни слатки и торти. Нејзиниот сопруг Али, Илкер Аксум работи во универзитет како учител по историја. Еден ден, нивниот прекрасен живот се превртува наопаку. Дента кога тие прославуваа за купената куќа, вратата ја кршат и полицијата ја приведува Мелек поради обид за убиство. Се се случува толку бргу што ниту Али, ниту пак Мелек сваќаат што се случило. Полицијата ја носи Мелек во полициската станица, а Али не може да стори ништо.
Овој ден животот на Али комплетно се променува што тој никогаш повеќе нема да може да се врати на начинот на кој тие живееле и дека целиот свој живот ќе се промени. Мелек е обвинета за убиство на млад човек и по судењето таа е пратена на издржување на доживотна затворска казна. Полицијата наоѓа отпечатоци на оружјето со кој е извршено убиството. Али се обидува да ја докаже невиноста на неговата сопруга и си го сака својот живот назад. Сепак тој не може да најде ниту еден доказ со кој ќе докаже дека таа не го сторила тоа. Али станува опседнат со тоа што ќе сака да ја извади својата сопруга од затвор. Иако тој е пристоен и чесен човек кој никогаш не прекршил ниту едно правило, но ќе се обиде да ја спаси својата сопруга. Тој го наоѓа Кеди (Мачка), Булент Емин Јарар, кој успешно избегал неколку пати од затвор и се консултира со него за да го научи како да избега од затвор. Во оваа серија ќе ја видете приказната на Мелек и Али кој се сакаат до смрт и го ризикуваат својот живот еден за друг. Ќе дознаете како нивниот прекрасен живот се променува за само 20 минути. Дали Али ќе ја дознае вистината за ова злосторство? Дали животот и бракот на Мелек и Али ќе го преживее овој настан? Дали Али и Мелек ќе можат да се вратат назад на начинот на кој тие порано живееле? Сценаријото за "20 Минути" е Керем Дерем и Пинар Булут, а серијата ќе се прикажува на STAR TV. Продуцентска куќа е AY YAPIM. Главна женска улога: Туба Бујукустун и Илкер Аксум. Останатите улоги: Булент Емин Јарар и Ипек Билгин. |
Епизода 1
|
Епизода 2
|
Епизода 3
|
Епизода 4
|
Епизода 5
|
Епизода 6
|
Епизода 7
|
Епизода 8
|