Sos mi vida / Ти си мојот живот
''Дивиот ангел'' е серија која донела феноменален успех и светска популарност на двата главни лика. 8 години подоцна аргентинските продуценти успеваат повторно да го спојат тандемот Наталиа Ореиро / Факундо Арана за да се обидат да го повторат истиот успех, но со серијата ''Ти си мојот живот''. Успехот излегол многу поголем од очекувањето.
Есперанса Муњоз, со прекар Монита, е боксер. Нејзиниот вереник е нејзин менаџер и се вика Кике. Двајцата живеат во сиромашниот дел на Бока заедно со мајката на Кике. На Монита и здодеало од непрофесионализмот на кој Кике си ја врши работата. Ненадејно таа почувствува силни болки во десната рака и лекарот и соопштува дека извесно време нема да може да боксува. Тоа станува повод за недоразбирањето помеѓу Монита и нејзиниот вереник. Тој е загрижен како ќе извади таа пари за јадење. Тогаш Монита е принудена да бара било каква работа за да може да заработи пари со кои ќе ги издржува Кике и неговата мајка се додека не се врати во рингот.
Мартин Кесада, влијателен бизнисмен од добро семејство, поранешен познат пилот во формула 1. Тој наследил мала компанија од татко му и успеал да ја претвори во вистинска империја. Мартин има многу добар и верен пријател, Алфредо, на кој Мартин може да му се довери за се. Тука е и доверливата секретарка Мерседес. Мартин има братучед, Мигел, кој му завидува за се и прави се за да ја превземе компанијата од Мартин, вклучувајки ја и неговата вереница, Констанса. Констанса е лекомислена жена која е опседната од мислата што побргу да се омажи за Мартин. Таа смета дека Мартин треба да се ожени со неа по секоја цена.
Мартин бил оженет, но неговата сопруга загинала во сообраќајна несреќа додека тој се тркал на патеката. Таа несреќа го принудил Мартин да се откаже од тркањето и од својата страст кон автомобилите и брзината. Останал вдовец многу рано, тој престанал да излегува со други жени. Тој се обидува да не ги продлабочува односите со понежниот пол. Ниту преоптовареноста од работа, ниту страста кон автомобилите, ниту присуството на Констанса успеваат да ја дополнат празнината во срцето на Мартин. Длабоко во својата душа тој чувствува потреба од семејство. Во обидите да најде одговор на прашањата кои го измачуваат. Се спријателува со Тереса, таа е директорка во фондацијата за деца-сираци.
Монита од своја страна исто така чувствува дека е време да си го промени животот. Кимберли, пријателка на Монита и соседка во пансионот и кажува на Монита да се јави во компанијата во која таа работи затоа што имало слободно место. Есперанса Муњоз-Монита се јавува на тој конкурс и оди на интервју. Во холот на компанијата се спроведува судбоносната средба помеѓу Мартин и Монита. Тој брза на состанок, а таа за интервју за работа во неговата компанија. Двајцата не си кажуваат ни збор, но случајно им се сретнуваат нивните погледи и тоа зборува наместо нив. Помеѓу Мартин и Монита
веднаш се раѓа нешто необјасниво и прекрасно... Љубов на прв поглед.
Режисери: Главни улоги:
Хорхе Бечара и Родолфо Антунес Наталиа Ореиро и Факундо Арана
Останати улоги:
Карла Петерсон, Карлос Белосо, Моника Аиос,
Марсело Мацарело, Елиас Винолес, Клаудиа Фонтан,
Алехандро Ауада, Фабиана Гарсиа Лаго,
Адела Глеихер, Гриселда Сисилиани и др.
Датум на производство 2006-2008, Аргентина
Епизоди: 231
Времетраење на една епизода 50 минути

Епизода 1 - Монита и Мартин
|
Епизода 2 - Монита има работа
|
Епизода 3 - Посвојување
|
Епизода 4 - Оставката на Монита
|
Епизода 5 - Вистински татко
|
Епизода 6 - Измамник
|
Епизода 7 - Љубомората на Констанса
|
Епизода 8 - Обвинувајки го Мигел
|
Епизода 9 - Ултиматумот на Кони
|
Епизода 10 - Измамник
|
Епизода 11 - Монитa е крадец
|
Епизода 12 - Кви-кви соло
|
Епизода 13 - Мартин на патеката
|
Епизода 14 - Монита на рингот
|