|
|
КАРАДАЈ |
Махир (Кенан Имирзалиоглу) работи заедно со татко си Назиф (Џетин Текиндор) во семејната работилница за чевли. Живеат убав живот без никакви проблеми, а потоа наеднаш и животот на целата фамилија ќе се сврти наопаку. Семејната продавница ќе биде затворена заедно со останатите дуќани во целото подрачје. Махир се подготвува за веридба со Ајтен, пријателка од детството. Тој не може да поверува што им се случи со продавницата, но апсењето на татко му, на ден пред веридбата, претставува вистински шок за него. На почетокот, Махир е убеден дека тоа е големо недоразбирање, но по извесно време сваќа дека случајот со татко му е целосно наместен. Тој има рок од 30 дена да докаже дека татко му е невин. Во спротивно Назиф ќе биде погубен. На Махир не му преостанува ништо друго освен да се појави пред судијката Фериде (Бергузар Корел) која треба да ја донесе пресудата, и да докаже дека татко му е невин. Но неговата потрага по правдата ќе ја искомпликува невозможната љубовна приказна во која е вклучена судијката Фериде.
Махир Кана (Кенан Имирзалиоглу) има 35 години. Се уште не е женет, но треба да прави веридба со Ајтен, неговата пријателка од детството. Махир изработува чевли исто како и неговиот татко Назиф. Чесен, праведен, храбар и неуништив човек. Тој е воодушевен од татка си и се обидува да ги следи неговите чекори. Посветен е на браќата, сестрите и мајката иако таа не му е вистинска мајка (таа е втора сопруга на татко му, а браќата и сестрите се нејзини деца со претходниот маж). За него не постои ништо посвето од семејството. Соседите го сакаат и почитуваат, тој секогаш е тука кога некому му треба помош.
Фериде Садоглу (Бергузар Корел) има 33 години. Таа е претседател на судот за тешки кривични дела. Нејзиниот дедо е од Измир и тој е херој од ослободителната војна. Фериде се родила и пораснала во Истанбул. Живее во богата куќа во Нишантаси со дедо си и со пет години помладиот брат. Назиф Кара (Џетин Текиндор) има 60 години. Оженет е со Сафиа (негова втора сопруга). Татко е на Махир, Илкнур, Орхан и Сонгул. Роден е во семејство по потекло од црноморскиот регион. Од својата десетта година е во контакт со оружјето и често оди на лов. Уште од своите млади години тој работи и се грижи за семејството. Се жени со својата прва девојка Кадриве. Таа е неговата прва жена и мајка на Махир. Дознавајќи дека таа е во љубовна врска со својот шеф, тој ги убива и двајцата. Го ставаат во затвор, но по извесно време со прогласување на општа амнестија, го пуштаат на слобода. |
Епизода 1
|
Епизода 2
|
Епизода 3
|
Епизода 4
|
Епизода 5
|
Епизода 6
|
Епизода 7
|
Епизода 8
|
Епизода 9
|
Епизода 10
|
Епизода 11
|
Епизода 12
|
Епизода 13
|
Епизода 14
|
Епизода 15
|
Епизода 16
|
Епизода 17
|
Епизода 18
|
Епизода 19
|
Епизода 20
|
Епизода 21
|
Епизода 22
|
Епизода 23
|
Епизода 24
|
Епизода 25
|
Епизода 26
|
Епизода 27
|
Епизода 28
|
Епизода 29
|
Епизода 30
|
Епизода 31
|
Епизода 32
|
Епизода 33
|
Епизода 34
|
Епизода 35
|
Епизода 36
|
Епизода 37
|
Епизода 38
|
Епизода 39
|
Епизода 40
|
Епизода 41
|
Епизода 42
|
Епизода 43
|
Епизода 44
|
Епизода 45
|
Епизода 46
|
Епизода 47
|
Епизода 48
|
Епизода 49
|
Епизода 50
|
Епизода 51
|
Епизода 52
|
Епизода 53
|
Епизода 54
|
Епизода 55
|
Епизода 56
|
Епизода 57
|
Епизода 58
|
Епизода 59
|
Епизода 60
|
Епизода 61
|
Епизода 62
|
Епизода 63
|
Епизода 64
|
Епизода 65
|
Епизода 66
|
Епизода 67
|
Епизода 68
|
Епизода 69
|
Епизода 70
|
Епизода 71
|
Епизода 72
|
Епизода 73
|
Епизода 74
|
Епизода 75
|
Епизода 76
|
Епизода 77
|
Епизода 78
|
Епизода 79
|
Епизода 80
|
Епизода 81
|
Епизода 82
|
Епизода 83
|
Епизода 84
|
Епизода 85
|
Епизода 86
|
Епизода 87
|
Епизода 88
|
Епизода 89
|
Епизода 90
|
Епизода 91
|
Епизода 92
|
Епизода 93
|
Епизода 94
|
Епизода 95
|
Епизода 96
|
Епизода 97
|
Епизода 98
|
Епизода 99
|
Епизода 100
|