Picture
                         Дневникот на Фериде

Настаните во серијата се случуваат во времето на крајот на Отоманската Империја. Нараторот на оваа љубовна приказна која нема да остави никого рамнодушен, е Фериде, млада девојка која пораснала во сиропиталиште. За време на зимата таа е ученичка во женското училиште „Нотр Дам де Сион, а летниот распуст го поминува со својата тетка.

Фериде е верена за галантниот Камран. Еден ден пред  нивната свадба таа ќе открие дека тој има љубовница. Фериде одлучува да замине, нејзиниот пат повторно ќе се вкрсти со оној на Камран и тогаш ќе се роди една голема љубов...


Picture
                                 Карадај

Махир (Кенан Имирзалиоглу) работи заедно со татко си Назиф (Џетин Текиндор) во семејната работилница за чевли. Живеат убав живот без никакви проблеми, а потоа наеднаш и животот на целата фамилија ќе се сврти наопаку. Семејната продавница ќе биде затворена заедно со останатите дуќани во целото подрачје. Махир се подготвува за веридба со Ајтен, пријателка од детството. Тој не може да поверува што им се случи со продавницата, но апсењето на татко му, на ден пред веридбата, претставува вистински шок за него. На почетокот, Махир е убеден дека тоа е големо недоразбирање, но по извесно време сваќа дека случајот со татко му е целосно наместен. Тој има рок од 30 дена да докаже дека татко му е невин. Во спротивно Назиф ќе биде погубен. На Махир не му преостанува ништо друго освен да се појави пред судијката Фериде (Бергузар Корел) која треба да ја донесе пресудата, и да докаже дека татко му е невин. Но неговата потрага по правдата ќе ја искомпликува невозможната љубовна приказна во која е вклучена судијката Фериде.

Flag Counter


серии со превод